Пропуштените оброци не значат успех во слабеењето

Доколку се наоѓате во постојана борба со вишокот килограми и тежнеете кон постигнување на идеалната телесна тежина, сигурни сме дека еден од начините кои водат до тоа е вашето придржување до одреден режим на исхрана и практикување на редовна физичка активност.

Но, сепак, понекогаш  можеби ви се чини дека диетата не ги дава очекуваните резултати, иако консумирате здрава храна или го редуцирате внесот на калории.

Постојат многу причини зошто вашата диета не ги дава очекуваните резултати. Сигурни сме дека грешите некаде. Една од најчестите грешки кои доведуваат до бавно исполнување на целта е прескокнувањето на оброците.

Прескокнувањето на оброците не значи секогаш успех во постигнувањето на оптималната телесна тежина. Доколку поради некои оправдани причини сте го прескокнале оброкот, не помислувајте дека тоа е „бонус“ кој ќе ве доближи до финалната цел- намален внес на калории. Напротив, тоа е големо залажување, а вие сериозно се доведувате во заблуда-тврди науката. Прескокнувањето на оброци доведува до намалување на нивото на глукоза што предизвикува зголемување на потребата за калорична храна. Истовремено, доколку сте го прескокнале појадокот, големата глад што ќе ја чувствувате за време на ручекот ќе придонесе да го зголеми внесот на храна во организмот, а со тоа и внесот на калориите, кој постои голема веројатност, да биде поголем од оној што би го внеле кога би консумирале добро избалансиран појадок.

Голема е веројатноста во подоцните часови да изедете нешто благо или друга калорична храна, кое најчесто дебелее многу повеќе во однос на оброкот кој не сте го изеле. Според податоците од досега спроведените истражувања што ја опфаќаат оваа тематика, оние лица кои не појадуваат многу често внесуваат повеќе калории во текот на денот, од оние кои го започнуваат утрото со појадок.

Изгладнувањето никогаш не е здрава опција за губење на килограмите!

Likes:
0 0
Views:
103
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.