Сируп од пиво кој го олеснува искашлувањето

Сирупот од пиво е лек кој се подготвува многу едноставно, а за неговата ефикасност сведочат многу лични позитивни искуства.

Доколку чувствувате дека секретот во респираторниот тракт ве гуши и ви е тешко да го исфрлите од себе, не се двоумете – веднаш тргнете кон кујната!

Во поголем сад ставете 80 грама кафеав шеќер. Загревајте го на умерена температура додека не се стопи ( не се карамелизира ). Потоа во садот додадете 200 милилитри пиво и варете на умерен оган околу дваесетина минути.

По добивањето на соодветната густина, тргнете го садот од оган и оставете да го да се олади. Сирупот од пиво чувајте го во стаклен сад, во ладилникот.

Земајте по една супена лажица три пати дневно, пред јадење.

Likes:
0 0
Views:
23
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *