Скршено огледало значи несреќа-дали сте суеверни

Сигурно се прашувате зошто се верува дека ако скршите одлгедало ќе ве следи несреќа во наредните седум години?

Психолозите сметаат дека едно од најголемите верувања кои како суеверие се пренесуваат од колено на колено меѓу народот е тоа дека ќе не следи несреќа доколку скршиме огледало.

Од каде всушност потекнува ова верување?

Некогаш одамна, кога огледалата се појавиле во нивната денешна смисла со украсни рамки и биле знак за престиж доколку се имаат во домот очекувано е  нивната цена да биде висока, а тие да се исклучително ретки и драгоцени предмети.

Во тоа време општествениот престиж се мерел и по бројот на слугинките кои ги опслужуваат домаќините во домот.

Кога ќе се случело некоја слугинка да го скрши огледалото, морала седум години да работи без плата за да може да ја надомести штетата.

Од тука потекнува верувањето, дека ако скршиме огледало ќе не прати седум години несреќа.

Дали и вие верувате дека скршеното огледало носи несреќа?

Likes:
0 0
Views:
18
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *