Фокусирајте се на себе, самите сте одговорни за својата енергија

Дали секојдневно се наоѓате во „мултитаскинг “ акција? Се обидувате, давајќи максимум од себе, да ги завршите сите обврски на вашиот список? Понекогаш ви се чини дека тој список станува се подолг, а времето се пократко. Ако е така, тогаш е време за да се фокусирате на приоритетите.

Единствениот список кој треба да го имате е списокот на вашите приоритети. Превземете ги оние дејствија кои ви се чинат дека во тој момент се неопходни и најважни за реализација само и исклучуво на вашиот приоритет.

Пред се, фокусирајте се на себе. Самите сте одговорни за својата енергија.  Енергијата што ја зрачите е вашата вибрација која ги привлекува искуствата што во себе ја носат истата вибрација која вие ја манифестирате.

Не, не е точно дека ако вашите чувства се негативни, најлесно ќе биде да ги „бутнете под тепихот“.

За да го постигнете тоа духовно издигнување, една од главните работи е да ги прифатите сите свои емоции. Кога ќе бидете во состојба да сфатите зошто некоја лоша и негативна емоција се буди во вас, тогаш ќе можете да го „отпуштите“ причинителот и да се вратите во  позитивен баланс на радост и смиреност, позитивни искуства и љубов.

Likes:
0 0
Views:
25
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *