Oна што не можете да го промените може да ве промени вас

За жал,многу често луѓето се навикнуваат на одреден начин на однесување кое другите личности го имаат кон нив. Поради таа лоша навика, често се случува луѓето да не бидат свесни за некои работи кои ги правите за нив, чувства кои ги чувствувате за нив,се додека не престанете да го правите тоа, се додека не престанете да го чувствувате тоа. Тоа сигурно не е во ред.

Не дозволувајте другите да ги искористуваат вашите добри дела и убави чувства.

Доколку е така, доколку сте во близина на личности кои ве земаат „здраво за готово“, обидете се што поскоро да излезете од таа матрица-вие заслужувате подобро. Вие заслужувате да бидете опкружени со луѓе кои се свесни за вашата вредност како личност, луѓе кои ќе плачат со вас кога ќе бидете тажни, луѓе кои ќе се смеат најгласно што можат со вас делејќи ја вашата среќа.

Не дозволувајте другите да ве убедат дека промените се нешто лошо. Токму тие кои уживаат во вашата добродушност без вистински да ја ценат и негуваат, не би сакале промени. Често се случува она што не можете да го промените, да ве промени вас. Но, секогаш имајте на ум, промените се случуваат со причина.

Нема секогаш да биде лесно, но секое патување има своја цел. Бидете храбри, најголемите патувања почнуваат со еден чекор.

Likes:
0 0
Views:
98
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.