Габичната инфекција на ноктите излечете ја на природен начин

Статистичките податоци велат дека повеќе од 50% од сите промени кои можат да се забележат на површината на ноктите и се препишуваат на габичната инфекција.

Габичната инфекција која може да ги нападне ноктите на нозете но и на рацете се нарекува онихомикоза. Тоа е непријатна естетска промена, а понекогаш и болна состојба која лесно може да се пренесе на други лица.

Површината на ноктот се здебелува, но истовремено може и лесно да се крши и да се рони. Ноктот ја менува бојата, од жолта до кафеава. Понекогаш може да се забележи и присуство на потемно зеленкаста боја, најчесто како резултат на одредена повреда, крварење или дополнителна бактериска инфекција.

За лекување  на габичната инфекција на ноктите потребно е трпение и  упорност, особено ако се одлучите да примените природен начин на лекување.

За таа цел, ви препорачуваме да подготвите домашна тинктура од масла која ефикасно ќе го реши проблемот со габичната инфекција.

Во стаклен сад промешајте 30 милилитри масло од оригано, 20 милилитри масло од мајчина душица и половина лажица сода бикарбона. Добро промешајте.

Вака подготвената природна тинктура нанесете ја на површината на ноктот и околните делови. Оставете ја да отстои колку што можете подолго. Оваа постапка повторувајте ја секој ден, барем два пати дневно.

Likes:
0 0
Views:
105
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.