Дали на вашиот организам му недостига магнезиум-како да препознаете

Нормалното функционирање на организмот побарува редовен внес на магнезиум, преку исхраната или преку суплиментарни додатоци во исхраната. Потребите на огранизмот на дневно ниво се разликуваат кај мажите и кај жените, па така, на жените им е потребно во просек околу 350 милиграми магнезиум, а на мажите околу 450 милиграми магнезиум дневно. Потребите за магнезиум се зголемуваат при значителна, секојдневна и интензивна физичка активност но и во случај на бременост. 

Долгорочниот недостаток на магнезиум во организмот е ризик фактор за појавата на одредени заболувања, на кои им претходат одредени симптоми според чие постоење можете да се посомневате дека ви недостасува магнезиум.

Раните знаци кои укажуваат дека во вашиот организам постои недостаток на магнезиум се појава на мачнини и повраќање, намалување на апетитот, чувство на хроничен замор, мускулни контракции, чувство на трнење или пецкање во рацете и нозете, абнормален срцев ритам и општа слабост на организмот.

Доколку навремено не се реагира и не се овозможи внес на оптималното количество на магнезум кое му е потребно на организмот се зголемува ризикот за појава на кардоваскуларни заболувања, остеопороза и дијабетес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *