Дали стресот влијае врз зголемувањето на телесната тежина

Многу пати сме слушнале како некој се жали дека поради постојаниот стрес не може да ја зголеми тежината и обратно, често константниот стрес е обвинуван за покачување на телесната тежина.

Но, дали стресот навистина може да влијае врз нашата телесна тежина?

Науката вели, стресот го зголемува сигналот на информациите за вкусовите, а го намалува сигналот за информациите поврзани со здравјето.

Стресот кој го доживуваме има неверојатна моќ да го зголеми позитивното влијание на наградувањето кое се јавува во нашиот мозок и на тој начин да ја зголеми моменталната желба за „награда“ која нуди одредено задоволство, покрај другите задоволства и задоволството што го нуди  пржената или слатката храна.

Еден ден поминат под стрес сигурно нема да ја саботира вашата исхрана, ниту да влијае врз зголемувањето на телесната тежина, особено доколку веќе од наредниот ден се вратите на режимот на здрава и избалансирана храна.

Но, дури и умерениот стрес може да предизвика губење на самоконтролата, кога е храната во прашање, дури и неколку пати дневно. Краткотрајното уживање во високо калоричниот оброк носи извесно чувство на задоволство и контрола на избор, но долгорочно воопшто не помага во справувањето со она што ни создава стрес и непријатност.

Likes:
0 0
Views:
18
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *