Детето знае да стане, но не и да седне самостојно

Повеќето родители го приметиле тој интересен факт дека многу деца кога проодуваат знаат да станат, но не знаат да седнат. 

Колку и да изгледа зачудувачки, сепак факт е дека станувањето, односно застанувањето на нозе е инстинкт кој децата го следат.

Патем, полесно е да се стане од удобната позиција на сигурните родителски раце, отколку да се седне самостојно на нешто што изгледа многу ниско.

Очекувано, децата во просек , започнувајќи околу десеттиот месец од животот веќе ги прават првите обиди да застанат на нозе придржувајќи се за нешто од нивната непосредна околина. Но, што се случува потоа? Детето обично останува зачудено бидејќи спуштањето во седечка позиција не е вроден инстинкт туку активност која мора да се учи низ пракса и голема доза концентрација.

Likes:
0 0
Views:
15
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *