Домашни бомбони против болки во грлото – децата ги обожаваат

Ова е наједноставниот, а воедно и најделотворниот начин како да ја победите болката во грлото. Подготовката на овие лековити бомбони е многу едноставна, а болката во грлото е минато за само три дена редовна употреба.

За нивната подготовка потребни ви се следниве состојки:

– 150 грама шеќер

– пола лажичка ѓумбир во прав

– една лажичка лимонов сок

Освен основните продукти ќе ви бидат потребни и силиконски калапи и чепкалки.

Начин на подготовка:

Калапот во кој планирате да ги излиете бомбоните премачкајте го со масло за јадење.

Шеќерот ставете го во сад на оган и загревајте на ниска температура додека не се растопи. При тоа мешајте постојано со дрвена лажица.  Кога шеќерот ќе се растопи во садот додајте го ѓумбирот и лимоновиот сок. Продолжете со мешањето уште неколку минути се додека смесата не добие златно-кафена боја.

Со течната смеса наполнете ги калапите и оставете ги во ладилник со цел  да се стврднат бомбионите.  Ако сакате да бидат во форма на лижавчиња ставете една чепкалка за заби во средина на наполнетиот калап.

Препорачана доза за децата е максимум четири бомбони дневно,а за возрасни максимум шест бомбони дневно.

Likes:
0 0
Views:
104
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.