Зачини во бебешката исхрана

Педијатрите препорачуваат детската исхрана, особено во самите почетоци, да не содржи зачини.  Оваа препорака, пред се,  се однесува на солта и шеќерот.

Општата препорака е дека веќе од осмиот месец од животот на бебето полека можат да се воведуваат и одредени билки во улога на зачини во менито.

Воведувањето на билките треба да се извршува постепено и во континуитет, секако во мали количини. Најдобро е секој нов зачин да се воведува во интервал од една до две недели, за да се остави простор за лесно воочување на можна реакција на организмот на бебето на новата состојка во исхраната.

Во групата на зачини кои се пожелни и здрави за секое дете спаѓаат магдоносот, нането, циметот, ѓумбирот, ким ( чајот од ким и анасон покажале многу корисни ефекти врз детското здравје уште од најмала возраст, осоебно во борбата против стомачните грчеви ), копар, босилекот и други.

Likes:
0 0
Views:
96
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.