Зошто страдаме од мигренозни главоболки во текот на менструалниот циклус

Еден од примарните фактори од групата причинители кој доведуваат до појава на мигрена во текот на менструалниот циклус е недостатокот на железо кој е периодичен и е во зависност од количината на изгубената менструална крв.

Но сепак, исто толку голема улога во појавувањето на оваа несакана здравствена состојба во текот на менструацијата игра и самата промена на нивото на хормони која се случува пред и за време на менструалното крварење.

Истражувањето спроведено од страна на невролозите на Универзитетот Бруклин докажуваат дека кај жените кај кои постои појава на мигрена во текот на циклусот се забележани пониски вредности на хемоглобин во крвта отколку во периодот пред започнувањето на крварењето.

Праавилниот начин на исхрана значително може да ви помогне во превенција на појавата на мигренозни главоболки. Затоа, во текот на циклусот, особено доколку страдате од овој тип на главоболки, се препорачува избегнување на солена и блага храна, а наместо тоа се препорачува конзумација на месо, свежа риба, јаткасти плодови и зеленчук со зелена боја.

Likes:
0 0
Views:
109
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.