Колку калциум му е потребен на организмот како превенција од остеопороза

Коските кои имаат намалена цврстина, а со тоа и промена во квалитетот значи дека се повеќе подложни на пукнатини и скршеници. Токму во тоа лежи објаснувањето што е остеопорозата.

Кога зборуваме за остеопороза всушност зборуваме за  метаболистичко заболување на коските, болест која не јавува симптоми. Поради намалување на густината на коските, дури и при извршување на секојдневните активности или при помал физички напор може да дојде до појава на фрактура, најчесто на колкот, подлактицата и фрактура на пршлените на рбетниот столб, појава на грпка, нарушено движење и болки во екстремитетите…

Поради губење на половите хормони, естроген и прогестерон,  кои ги лачат јајниците, во периодот на менопауза остеопорозата е почест случај кај женскиот, отколку кај машкиот пол.

Сепак, во појавата на остеопорозата генетските предиспозиции не се единствениот фактор. Покрај нив, голем ризик за појава на ова заболување носат и неурамнотежениот начин на исхрана и стилот на живеење ( пасивен живот ), особено во младоста.

Уште од најмала возраст потребно е внесување на хранливи намирници кои имаат задоволувачко ниво на минерали, особено на калциум и витамин Д со цел да се обезбеди солидна коскена маса која ќе ја намали можноста од појава на остеопороза, односно порозност на коските. Подоцнежно, овој начин на исхрана може значително да помогне во зачувување на цврстната на коските.

Оптималното ниво на внес  на калциум во организмот е во тесна зависност од возраста. Според тоа:

  • Кај деца од 9 до 18 години, дневната доза изнесува 1300 mg,
  • Кај жени од 25 до 64 години, дневната доза изнесува 1000 mg,
  • Кај жени над 65 години, дневната доза 1500 mg,
  • Кај мажи до 65 години, дневната доза изнесува 1000 mg,
  • Кај мажи над 65 години, дневната доза изнесува 1500 mg.
Likes:
0 0
Views:
17
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *