Музиката како терапија кај лицата со аутизам

Целта на музикотерапијата кај лицата со АДХД е да се зголеми самосвесноста кај овие лица, како и свесноста за другите од околината. Таа воедно дава и можности да се истражи експресијата (изразувањето) на емоции кај лицата со аутизам.

Постојат документирани показатели и примери дека музиката ја подобрува социјализацијата на децата, посебно нивните способности и вештини за комуникација и интеракција.

 Музикотерапијата е веќе подолго време втемелена техника која со користење на музичка интеракција им помага на индивидуите со широк спектар на когнитивни и емоционални предизвици во подобрувањето на нивните способности. Во интеракција со возрасни и деца со аутистичен спектар на нарушувања музикотерапевтите можат да изградат и воспостават одредени вештини кај овие лица, помала анксиозност и вознемиреност дури и нови облици на комуникација.

Музикотерапијата кај лицата со аутизам може да ги подобри способностите во одредени области како комуникација, социјализација и социјални навики, подобрување на сетилни (сензорни) вештини, однесување, подобрување на когнитивните (осознавачки) вештини, перцептивни и моторни способности, како и самоосознавањето и самодовербата. Терапевтот изнаоѓа музика што предизвикува складност кај одредена личност, остварува лична, уникатна поврзаност и гради доверба. Докажано е дека лицата со аутистичен спектар на нарушувања се многу често длабоко заинтересирани и респонсибилни, реагираат на музиката. Бидејќи музиката по својата природа е многу мотивирачки фактор, лесно прифатлива и привлечна таа може да биде искористена како природен, нормален засилувач на посакуваните реакции и одговори. Музиката како терапија може во голем дел да помогне и во случаи кај лица кои имаат звучна блокада, проблем со обработка или аверзија спрема одредени звуци за нивно успешно надминување.

Извор: Во Мојот Свет

Likes:
0 0
Views:
17
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *