Олеснете го искашлувањето со домашен сируп од мед

При одредени заболувања појавата на продуктивна кашлица може да биде навистина исцрпувачко искуство.

При исфрлање на секрет најчесто се користат лекови кои го подобруваат искашлувањето, истовремено овозможувајќи добра хидратација на организмот кој ќе го олеснат процесот на искашлување.

За среќа, природата ни нуди исклучително ефикасен сируп за исфрлање на секрет од белите дробови. Оваа природна мешавина е наменета за употреба за возрасни и деца над две години.

За подготовка на овој природен сируп потребни ви се следниве состојки:

2 лажици маслиново масло

3 лажици свежо исцеден сок од лимон

2 лажици вода

2 лажици чај од жалфија

1 лажица природен мед

Подготовката е многу едноставна и брза. Се што треба да направите е да ги загреете состојките во сад на оган. Загревајте, но не дозволувајте да зоврие течноста.

Вака подготвениот сируп складирајте го во стаклено шишенце. Консумирајте два пати на ден, половина од сирупот испијте ја наутро, а останата половина испијте ја навечер, пред легнување.

Likes:
0 0
Views:
20
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *