Ослободете се од вишокот течности во организмот со помош на овој моќен сок

Елиминирањето на вишокот вода од организмот на сосема природен начин, без употреба на медикаменти е можно со помош на најсилниот чај од магдонос, за чија подготовка потребни ви се само три состојки.

Чувството на подуеност, кое е почесто кај жените поради генетичките предиспозиции и во летниот период, по период на прекумерно стоење или одење лесно може да се елиминира со помош на овој чај, а при тоа исто толку лесно ќе го исчистите телото од токсини и ќе го забрзате согорувањето на калории.

За неговата подготовка потребни ви се една китка свеж магдонос, еден лимон и 300 милилитри вода.

Добро измиените листови од магдоносот, заедно со стебленцата ставете ги во блендер. Додадете го и лимонот, кој претходно сте го излупиле. Блендирајте ги состојките заедно со 300 милилитри вода. Потоа процедете – сокот од магдонос е подготвен!

Вкусот можеби нема да ви се допадне, но секогаш е тука јаворовиот сируп да ви помогне околу подобрување на вкусот. Пијте го наутро, на празен стомак, во период од пет дена.

Сокот од магдонос не се препорачува за трудници и доилки.

Likes:
0 0
Views:
15
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *