Постојано сте гладни-хормоните имаат голем удел во тоа

Научно докажан факт е дека кога ќе јадете во телото се ослободува поголема количина на допамин, хормон кој го зголемува чувството на задоволство.

Проблемот кај луѓето кои се гојазни е што внесуваат поголема количина на храна која доведува до прекумерно полнење, а со тоа и прекумерна стимулација на желудникот. Потребна е поголема количина на храна за да се зголеми и нивото на допамин во организмот.

Тој ефект постојано се намалува, па така, со текот на времето, потребна е поголема количина на храна за да се постигне оптимално ниво на допамин кој ќе го активира чувството на задоволство.

Неможноста да се постигне саканото ниво на допамин ги тера луѓето се повеќе да јадат. Но, на тој начин, се намалува нивото на хормонот лептин (хормон на ситоста). Неговото излачување во помали количини придонесува луѓето да немаат чувство на ситост кога реално желудникот е полн и задоволство после оброкот, односно за кратко време повторно се појавува чувството на глад.

Нутриционистите препорачуваат, за да се избегне овој несакан ефект од хормоналната нерамнотежа, на крајот од оброкот да се консумира десерт од интегрални житарки. Интегралните житарки од цело зрно имаат позитивен ефект врз нормализирањето на инсулинот и нормализирањето на чувството за глад. Во комбинација со чаша црно вино ефектот е загарантиран-тврди науката!

Likes:
0 0
Views:
101
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.