Препознајте ги симптомите на аутизмот – интервенирајте рано

Аутизмот е најсериозната форма на манифестирање на аномалии во развојот на личноста, која влијае на можноста на личноста да има контакт со други лица. Се карактеризира со многу голема тешкотија при одговор на социјалните контакти и можноста на лицето да комуницира. Некои лица со аутизам, можат да имаат и други невролошки симптоми, епилепсија, синдромот Даун и др.

За жал аутизмот е многу реален и може да го погоди било кого. 

Постои еден критериум кој има значење кај аутизмот, а тоа е полот. Аутизмот се појавува 4 пати повеќе кај машките отколку кај женските и 75 % од случаите манифестираат и ментална ретардација.

Раната детекција е важен чекор во борбата против аутизмот. Затоа родителите треба да ги препознаат сите отстапувања од очекуваниот развој на детето и веднаш да се обратат до педијатарот.

Карактеристики на аутизмот:

  •  аутистична осаменост
  •  неможноста да воспостави релација
  •  не сакаат да бидат гушкани, галени, бакнувани
  •  не се поблиски со родителите во споредба со непознати
  •  не постои разлика меѓу релациите со луѓе и релациите со предметите
  •  недостаток на контакт со очите
  •  нарушувања во говорот и јазикот
  •  јазикот може да се појави подоцна, но може и да не се појави
  •  не учествуваат во групни игри
  •  не имитира во првата година од животот
  •  не ги користи играчките правилно
  •  немаат креативна имагинација
  •  со тек на возраста половина од аутистите имаат елементарен јазик со  дефицити, имаат ехолалија (повторуваат без смисла зборови што  ги  слушнале)
  •  бизарно однесување
  •  обсесивна желба за униформност
  •  стереотипни однесувања и агресивност
  •  чудни однесувања (извртување на прстите, тресење на рацете, вртење)

Извор: Во Мојот Свет

Likes:
0 0
Views:
18
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *