Природно и здраво чистење на црниот дроб

Чистиот црн дроб значи здравје, виталност, енергија, подмладен изглед и добро расположение.

Благодарение на црниот дроб нашиот организам доаѓа до хранливите материи од храната која ја јадеме но и се чисти од сите токсични елементи. Најголемата услуга што можеме да ја направиме за овој „вреден работник“ е да консумираме повеќе здрава храна ( особено лиснат зеленчук ), за сметка на енормните количества на шеќери и сол кои по било кој основ ги внесуваме во нашиот организам.

Верувале или не, најдобро средство за превенција од заболувања и одржување на здравјето на црниот дроб е секојдневното „чистење“ на организмот од токсини со помош на маслиново масло.

Секое утро, на празен стомак, консумирајте една лажичка маслиново масло која ќе ја промешате со една лажичка лимонов сок.

Петнаесетина минути откако ќе го испиете маслото со лимонов сок не консумирајте ништо, а потоа можете да уживате во појадокот.

Овој прочистувачки коктел можете да го употебувате секојдневно, нема ограничувања во времетраењето. По истекот на еден месец откако сте започнале со оваа здрава навика ќе можете да приметите низа позитивни промени – подмладен изглед, свеж тен, дигестивен систем кој работи како „часовник“, ќе заборавите на проблемите кои ги носи недостатокот на енергија и др.

Likes:
0 0
Views:
110
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.