Ретроградна ејакулација кај мажите – причина за машкиот стерилитет

Ретроградна ејакулација всушност значи ејакулација за време на сексуалниот чин, при што семената течност завршува во мочниот меур кај мажите.

Помеѓу мочниот меур и простата се наоѓа мускул кој го спречува иствоременото мокрење и ејакулирање. Во нормални околности, овој мусклул под присила на оргазмот силно се стега. Ако тој се отпушти може да се предизвика ретрограден процес при кој спермата може да се врати назад во меурот. Во текот на наредното уринирање урината ќе биде матна поради семената течност која ја содржи.

Ретроградна ејакулација се нарекува и сув оргазам, а мажите со овој симптом нема да ејакулираат ништо или ќе ејакулираат многу мали количини сперма.

Токму поради тоа, постоењето на ретроградната ејакулација се открива преку тестирање на примерок од урината.

Како причинители на ретроградната ејакулација меѓу другото се наведуваат компликации предизвикани од оперативни зафати, малигни заболувања, оптеретување на нервите, честа и долга употреба на антидепресиви и антипсихотици и многу други.

Кај некои мажи, ретроградна ејакулација може да предизвика неплодност. Кога количината на сперматозоиди е отсутна или пак е премногу мала, шансите за оплодување на јајце клетката се исклучително мали.

Сепак, ретроградна ејакулација е одговорна за само  2% од случаите на неплодност.

Likes:
0 0
Views:
16
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *