Сируп од кромид-најефикасниот лек против упорната кашлица

Сирупот од кромид е едноставен за подготовка, ефтин  и исклучително здрав. Поради своите природни состојки и децата можат да го консумираат.

Домашниот природен сируп од кромид се препорачува во случај на упорна кашлица, за намалување на количината на акумулираната слуз во дишните органи, но и против воспалителни процеси во горните и долни респираторни патишта.

За подготовка на овој сируп потребни ви се само две состојки:

– една голема главица црвен кромид
– три супени лажици багремов мед
– 50 милилитри врела вода

Исечете го кромидот ( без да го излупите ) на помали коцки. Прелијте го со медот и водата, а потоа оставете да отстои околу три часа. Потоа процедете, а добиениот сируп складирајте го во стаклен сад. Чувајте го на ладно место.

Вака подготвениот сируп консумирајте го три до пет пати во текот на денот по една супена лажица.

Likes:
0 0
Views:
105
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.