Уморни сте, нерасположени, а килограмите се качуваат-проверете дали ви недостига овој минерал

Се почесто сте нерасположени, депресивни сте, вашата коса се повеќе опаѓа,  чувстувате хроничен замор,  телесната тежина се зголемува додека нивото на енергија ви е на дното? – проверете, можеби на вашето тело му недостасува овој минерал!

Јодот е еден од најважните минерали за човечкото тело. Неговото присуство е важно за оптимално функционирање на многу органи, пред се на штитната жлезда. Во неа се наоѓаат до 80 % јод, но овој минерал игра важна улога и за работата на мозокот, желудникот, здравјето на кожата и др.

Недостатокот на јод во било кој од овие делови на телото доведува до нивна дисфункција.

Освен симптомите кои веќе ги споменавме, а се аларм за можен недостаток на јод во организмот, недоволното присуство на овој минерал во телото може да предизвика појава на отоци во екстремитетите и во пределот околу очите, како и грчеви во мускулите и слаби срцеви отчукувања.

Недостатокот на јод во организмот можете да го елиминирате со консумација на природни хранливи сотојки како што се морковот, спанаќот, грашокот, компирот, печурките, јагодите, бананите, зелката, кромидот и жолчката од јајце. Често се случува солта која секојдневно ја користиме во исхраната да биде дополнително збогатена со јод. За таа цел ви препорачуваме да ја консумирате розовата ситна хималајска сол, која што содржи дури 20-30mg/kg јод.

Кога се во прашање природните извори на јод, имајте во предвид дека морските плодови и рибите се едни од најголемите извори на овој минерал.

Likes:
0 0
Views:
23
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *