Ѓумбирот помага за намалување на шеќерот во крвта

Во многу досегашни истражувања е потврдено дека внесувањето на минимум два грама мелен ѓумбир во организмот секој ден доведува до намалување на нивото на шеќер во крвта за 12%. Долгорочно, оваа здрава навика придонесува за намалување на ризикот за појава на кардиоваскуларни заболувања.

За таа цел на дијабетичарите, особено оние кои боледуваат од дијабетес тип 2, им се препорачува редовно консумирање на напитоци на база на ѓумбир.

Овој пат, ви го препорачуваме домашниот сок од ѓумбир и лимон кој ќе ви помогне во борбата против дијабетесот.

Потребни ви се следниве состојки:

  • 2 полни кафени лажици мелен ѓумбир
  • 2 лимона
  • 2 литри вода
  • 2 лажички мед

Во сад на оган ставете 2 литри вода, а во неа додајте го мелениот ѓумбир. Варете околу пет минути на умерена температура. Потоа тргнете го садот од оган и во течноста додадете го лимонот исечен на кругови и медот. Оставете го напитокот да се олади добро. Течноста испијте ја во текот на денот.

Likes:
0 0
Views:
17
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *