Бебињата кои што спијат со цуцла во устата имаат помал ризик од синдром на ненадејна смрт

Бебињата кои што спијат со цуцла во устата имаат помал ризик од синдром на ненадејна смрт – тврдат научниците.

Синдормот на ненадејна смрт на новороденчињата (SIDS) или смрт во колевка е главната причина за смртност кај бебињата на возраст од 1 месец до 1 година. Најчесто, SIDS се појавува во периодот помеѓу вториот и шестиот  месец од животот на бебињата.

Фактот кој предизвикува најголем страв е тоа што не се знае точната причина зошто доаѓа до смртен исход кај бебињата кои умираат во сон без да манифестираат никакви претходни симптоми на одредено заболување односно нарушување на здравствената состојба.

Според тврдењата на американските педијатри токму цуцлите лажливки можат да ја намалат опасноста од синдромот на ненадејна смрт кај новороденчињата.

Иако причинителите на овој синдром остануваат непознати, сепак медицината како услов за неговото појавување ја наведуваат неправилната поставеност на телото на бебето за време на спиењето при тоа алудирајќи најмногу на спиењето на стомак, пушењето на родителите во истата соба каде што спие бебето и старите душеци кои би можеле да бидат полни со токсични материи.

Спиењето на грб драстично може да го намали ризикот од синдромот на ненадејна смрт, велат лекарите, (истиот се намалува за 50-70%), а кон тоа може да допринесе и спиењето со цуцла лажливка, која според истражувањата го намалува ризикот за неверојатни 90%.

Likes:
0 0
Views:
18
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *