Бегонија – летна кралица на терасите

Идеално украсно цвеќе за вашите тераси кое не бара особена грижа освен можеби соодветна локација е токму бегонијата.

Родот„ begonias“ има повеќе од 400 видови цветови кои растат во тропските предели и суптропските региони на Америка, Африка и исто така во Азија.

Голем број на цветови цветаат дури и во сенка, но сепак, бегониите се љубителки на сонцето.

Цветот на бегонијата може да се најде во бела, црвена и розева боја, а кај одредени видови листот, освен во металното-зелена може да се најде и во неодредена бакарна нијанса.Во зависност од видот, може да имаат крупни или ситни цветови.

Потребно им е сончево, односно место со „шарена“ сенка.

Иако не бараат премногу грижа, сепак внимавајте на наводнувањето. Бегониите пожелно е да се залеат со вода кога површинскиот слој на земјата каде се посадени ќе ги покаже првите знаци на сувост. Во летниот период препораката е да се налеваат со вода на секои три дена. Доколку овој цвет е засаден во поголема саксија, тогаш бидете почести во наводнувањето. Преголемата количина на вода може да придонесе за скапување на коренот во земјата.

Идеална прихрана е онаа која во својот состав, покрај нутритиенти содржи и железо.

Likes:
0 0
Views:
15

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *