Вратете ја црната боја на вашата облека со помош на овој ефикасен трик

За да ја вратите црната боја на вашата облека потребно е да ја искористите моќта на една природна состојка која со сигурност ја имате во вашата кујна.

Биберот е незаменлив зачин кој го подобрува вкусот на јадењата. Тој ја забрзува работата на метаболизмот, ги намалува болките и отеченоста во зглобовите, но, истовремено, тој е и одличен помошник во перењето бидејќи ја враќа бојата на црните алишта.

Доколку сакате да го испробате овој трик потребни ви се само 5 грама мелен црн бибер .

Постапката е многу едноставна. Додадете го биберот директно во машината за перење на алишта заедно со облеката. Вклучете ја машината да работи на вообичаената програма.

Абразивното дејство на биберот ќе ги отстрани остатоците од детергент на облеката, една од причините што алиштата со црна боја бледеат и дополнително овој зачин ќе ја активира црната сјајна нијанса на вашата темна облека. Не се плашете, црните трагови од биберот на облеката ќе бидат испрани на крајот од процесот.

Likes:
0 0
Views:
15

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *