Дали лебот дебелее?

Намалување на внесот на леб и тестенини  е едно од главните правила на скоро секоја диета која подразбира рестриктивен внес на јаглени хидрати.

Но, дали и колку всушност лебот може да не здебели?

Ако веќе одбирате да консумирајте леб, тогаш вашиот избор нека биде интегералниот леб од цело зрна. Тој има исклучително богат состав на витамини, влакна и минерали кои се во лушпата од зрното на житарките, за разлика од белиот леб, кој можеби е повкусен, но е со далеку посиромашен нутритивен состав.

Точно и овој вид на леб поседува своја калориска вредност, но позитивната страна е тоа што покрај содржината на јаглени хидрати тој има низок гликемиски индекс, што директно влијае врз нивото на инсулин во организмот правејќи ве сити подолго време отколку обичниот бел леб.

Во просек, едно парче интегрален леб од цело зрно има околу 100 калории. Ако на оброк си дозволите две парчиња, тоа значи дека преку лебот ќе внесете дополнителни 200 калории од основниот оброк. Доколку внимавате на калорискиот внес во текот на денот, а истовремено внимавате и на потрошувачката на калории, тогаш бидете сигурни дека таа количина на консумиран леб нема да ве здебели.

Дополнителна придобивка од консумацијата на интегралниот леб  од цели зрна е фактот што тој заситува многу брзо, што е знак дека нема да можете да изедете поголема количина.

Likes:
0 0
Views:
120

Leave a Reply

Your email address will not be published.