Детската гојазност – црвен аларм за здравјето на детето

На глобално ниво детската гојазност има загрижувачки размери и претставува сериозен и итен предизвик за скоро секое општество.

Науката вели дека децата кои се гојазни уште од рана возраст имаат големи предиспозиции  да останат гојазни до крајот на животот , ставајќи се на тој начин во групата луѓе кои се соочуваат со низа хронични заболувања, меѓу кои како најчести се високиот крвен притисок, дијабетесот и болестите на кардиоваскуларниот систем и црниот дроб.

Според американските научници дури кај 20% од гојазните деца уште од раната возраст можат да се забележат одредени знаци на внимание кои укажуваат на можни заболувања на кардиоваскуларниот систем кои би се случиле во иднина.

Списанието „Journal of the American College of Cardiology“ тврди дека кај многу гојазни деца можат да се забележат негативни промени во обликот и функцијата на срцето при основен кардиолошки преглед. Наодите се обезбедени од истражување во кое учествувале вкупно 101 дете на возраст од девет до шеснаесет години, кои биле подложени на ехокариограм со ултразвук.

Истовремено, забележано е зголемено ниво на лош холестерол кај дури 30% од испитаниците.

Поразителен е податокот на Светската здравствена организација дека бројот на гојазни деца помлади од пет години изнесува повеќе од 42 милиони деца ширум светот. Интензивното промовирање на  здравите животни навики е една од клучните алки во борбата против детската гојазност.

Likes:
0 0
Views:
98
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.