Есенцијално масло од бор против непријатниот мирис од цигарите

Не ви се потребни скапи ароматизери за да постигнете интензивен пријатен мирис во домот.

Постои многу ефикасно решение, кое не чини многу, а бидете сигурни, гостите ќе бидат заинтересирани да ја откријат вашата тајна.

За да направите домашен освежувач за воздух потребни ви се следниве производи:

– 4 кафени лажички сода бикарбона
– 4 капки од етерично масло од лаванда
– 2 чаши вода

Се што треба да направите е да ги промешате овие состојки во еден сад со распрскувач. Пред секое распрскување добро протресете го шишето.

Доколку вашата цел е освен да го наполните домот со пријатна арома и да го неутрализирате непријатниот мирис од цигарите ви препорачуваме за подготовка на природниот ароматизер да користите есенцијално масло од еукалиптус или бор.

Атроматизираната течност користете ја по потреба.

Likes:
0 0
Views:
13
Article Tags:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *