Ефикасен трик како да го забрзате растот на косата

Искуството на многу жени докажало дека постои многу едноставен, но навистина ефикасен трик како да го забрзате растот на косата.

Тајната лежи во совршената комбинација на исклучително хранливите состојки во алое вера билката и ладната вода.

Од аптеките или подобро опременетите маркети снабедете се со едно шише сок од алое вера. Истото ќе ви биде доволно за неколку третмани.

Со сокот од алое вера измасирајте го скалпот. Фокусот нека биде скалпот кој ќе го масирате изведувајќи кружни движења, а не на потопувањето на влакното низ целата негова должина со сокот. Мокриот корен на косата завиткајте го во памучен пешкир или крпа и оставете го да се исуши природно.

Потоа, пред да ја измиете косата на вообичаениот начин, исплакнете ја косата со ладна вода. Ладната вода ќе ја забрза циркулацијата со што ќе се зголеми дотокот на многу хранливи материи до скалпот, што пак ќе придонесе да се забрза растот на косата.

Likes:
0 0
Views:
17

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *