Здраво стебло и бујни цветови-подгответе прихрана за орхидеите во домашни услови

Кралицата на цветовите-орхидеата може да биде вистински предизвик дури и за искусните одгледувачи на цвеќиња.

Сите кои се љубители на орхидеи знаат дека ова префинето цвеќе може да биде исклучително чувствително, па освен умереното полевање и подлога од тресет потребна му е соодветна прихрана која на растението ќе му овозможи доволно хранливи елементи за оптимален раст и развој.

За среќа, постои многу едноставен начин како во домашни услови да подготвите хранливо ѓубриво за орхидеи, богато со магнезиум, калциум и фосфор. Овие микроелементи се дозираат на соодветен начин и овозможуваат раскошни цветови и здраво стебло.

За да го подготвите ова домашно хранливо ѓубриво потребни ви се вода, лушпа од банана и лушпа од едно јајце.

Во подлабок сад ставете две лушпи од банана и една лушпа од јајце. Прелијте ги со две литри вода.Оставете да отстои околу два дена. Потоа процедете и растворете го растворот со обична вода во сооднос 1:1. Со така приготвеното ѓубриво поливајте ги орхидеите во вообичаениот временски интервал.

Likes:
0 0
Views:
94

Leave a Reply

Your email address will not be published.