Зелено смути кое ве чува од настинки

Зајакнете го вашиот имунолошки систем со редовна консумација на свежи и здрави производи, свежо овошје и зеленчук комбинирани во смути или со друг протеински оброк.

Помогнете му на вашиот организам да ја зголеми отпорноста на бактериите и вирусите додека секојдневно уживате во вкусот на овој здрав напиток.

За подготовка на ова здраво зелено смути потребни ви се следиве приозводи:

  • 50 грама добро измиени листови спанаќ
  • половина кафена лажичка мелен ѓумбир
  • 1/2 зрела банана
  • 100 милилитри јогурт со ниска масленост
  • прстофат куркума
  • прстофат мајчина душичка

Подготовката е многу брза и едноставна. Кратко блендирајте ги листовите спанаќ пред да ги додадете и останатите состојки. Продолжете со миксање се додека не добиете хомогена смеса.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
106
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.