Зошто да ги одберете црвените наместо зелените пиперки

Црвената пиперка ја добива својата боја по подолга изложеност на сончевите зраци што ја прави исклучително богата со фитохемикалии и витамин К, како и минералите манган и молбиден.

Благодарение на поголемата содржина на витамин А, таа е значајна хранлива намирница за одржување на добриот вид и во борба против различни видови на инфективни заболувања.

Витаминот Б6 кој исто така го има во поголеми количини во црвената отколку во зелената пиперка го храни нервниот систем и го одржува здравиот имунитет.

Вета-каротенот кој е дел од составот на црвената пиперка е познат заштитник од одредени малигни промени, пред се оние кои се случуваат на ткивата на дојките, додека пак ликопенот го намалува ризикот од рак на јајниците и матката.

Како и многу други овошја и зеленчуци, и пиперката ( особено црвената ) би било добро да ја конзумирате свежа и сурова без да биде подложена на долга термичка обработка, а се со цел максимално да го искористите нејзиното богатство од витамин Ц.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *