Зошто е добро да го замрзнете лимонот

Лимонот е овошјка која е преполна со витамин Ц, но една од поздравите варијанти за негова консумација е неговото претходно замрзнување, процес кој нуди можност лимонот да биде искористен во целост, консумиран заедно со неговата кора, која всушност е најздравиот дел од оваа овошка.

Лимоновата кора го регулира крвниот притисок, има антидепресивно дејство и позитивно делува во борбата против стресот. Помага во одржување на оптималното ниво на алкалност на организмот и ја регулира pH вредноста на крвта.

Лимонот можете да го замрзнете цел, исечен на кришки, изрендан и во комбинација со други состојки.

Наш предлог:

Претходно замрзнатиот лимон извадете го од ладилникот, целосно изрендајте го и во комбинација со вода и неколку листови свежо нане складирајте го во кесички кои имаат затворач.

Во следните топли денови само со едно посегнување по ладилникот веќе ќе ја имате во раце највкусната освежителна лимонада.

Бидете здрави!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *