Каде да ги поставите цвеќињата во домот

Собните растенија, без сомневање, се еден прекрасен декор на домот. 

Одбирањето на соодветната локација во домот е различна за секое цвеќе, бидејќи секое растение има свои потреби во однос на директната изложенот на сончева светлина.Универзалното правило е дека саксиите со цвеќе секогаш треба да бидат сместени во оние простории каде ќе имаат поволни услови за нормален развој. Тоа се оние места на кои ќе ја добиваат потребната светлина, топлина, доволно влага и секако воздух.

Сепак, на некои растенија им е потребна повеќе светлина и директна изложеност на сончевите зраци, додека пак други имаат потреба од светлина но со заштита од директно изложување на сонце.

Во пракса, растенијата кои имаат нежни листови и покревки стебла имаат поголема потреба од   светлина, што значи дека за нив се препорачува локација на прозорот или во негова  близина. Од друга страна пак,  оние растениија кои имаат поцврсто стебло и подебели листови немаат потреба од директна изложеност на сончева светлина, што значи дека можете да ги лоцирате дури и во оној дел од просторијата која е подалеку од прозорот.

Likes:
0 0
Views:
15

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *