Како да го намалите јадежот и отокот по убодот од инсект

Како да го намалите интензивниот јадеж и непријатното чувство на подуеност на кожата по убодот од инсект?

Ако немате ништо друго при рака може да ви помогнат некои состојки што скоро секојдневно ги користиме во кујната.

Еден од методите за ублажување на болката и намалување на отокот особено кај децата е употребата на домашниот јаболков оцет.

Лимоновиот сок исто така може да послужи како алтернатива ако немате чист јаболков оцет со кој што ќе ја премачкаме кожата.

Смесата од еднакви делови на сода бикарбона и вода може да биде исто така ефективен природен начин за намалување на интензивното чувство на јадеж и пецкање по каснување од инсекти.

Доколку после убодот, местото локализирано потече и благо зацрвене,  најделотворен начин да се неутрализира отокот е облога од кесичка добро оладен чај од камилица.

Likes:
0 0
Views:
16

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *