Како да ја изберете соодветната нијанса на кармин

Негувани усни, истакнати со правилно одбраната нијанса на кармин се важна коцка во мозаикот на женственоста.

Едно од основните правила при шминкањето се однесува на прашањето што би сакале да истакнете – очите или усните?! Одберете дали сакате со шминка да ги нагласите очите или усните, но никогаш двете истовремено!

Секогаш имајте во предвид дека кармините во темни нијанси и мат кармините можат визуелно да го намалат волуменот на усните, додека светлите тонови и сјајните нијанси ќе ви помогнат визуелно вашите усни да изгледаат пополни и поголеми.

При изборот на соодветната нијанса на кармин водете се според тенот на кожата и природната боја на усните.

Доколку имате посветол тен или сте русокоса, тогаш најмногу ќе ви прилегаат нијанси на кармин кои се благ контраст на светлата коса, тен и опционално сините очи како што се пастелните тонови, односно нијанси на виолетова и розева боја. Доколку вашата цел е силен нагласок на усните, дозволете си силен контраст со интензивни нијнси на црвена боја.

На бринетите им се препорачуваат пастелни тонови, нијанси на шумско овошје, бакарни и бронзени тонови како и розеви нијанси за секојдневни прилики кои се минимум еден тон посветли од усните.

Likes:
0 0
Views:
103

Leave a Reply

Your email address will not be published.