Како да ја намалите калоричната вредност на оризот

Кокосовото масло ги намалува калориите на оризот – тврдат научниците.

Научниците од Шри Ланка докажале дека постои многу едноставен начин како калориите од оризот да се намалат за половина во текот на варењето.

На секои седумдесет грама несварен ориз, во водата во која што ќе се вари (300 милилитри) додадете една супена лажица кокосово масло.

Сварете го оризот на вообичаениот начин и оставете го да се олади во ладилникот преку ноќ. Во текот на ладењето калориите на оризот ќе се намалат. Имено, процесот на ладење во комбинација со кокосовото масло го одзема поголемото количество на скроб во оризот.

Со повторното загревање, калориите во оризот нема повторно да се зголемат.

Likes:
0 0
Views:
18

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *