Кармин под заштитната маска-корисен трик како да не се извалка маската

Во услови кога носењето на заштитна маска е задолжително за сите, многу жени се одлучуваат да го остават на страна карминот.

Маските измачани со кармин од внатрешната страна не се убава гледтка, но, постои решение.

При аплицирање на кармин или сјај за усни внимавајте секогаш да го отстраните вишокот.

Пред се, со молив во соодветната нијанса оцртајте ги усните и обоете ги страничните делови на усните одејќи кон внатрешноста, односно кон средината. Откако скоро целата површина на усните, не вклучувајќи ја средината ги исполните со моливче за усни нанесете го карминот.

Најдобар избор, во овој случај, се мат кармините. Сепак, целта е усните да останат хидрирани, но не лепливи.

Откако ќе го нанесете карминот, со мека хартија отстранете го вишокот. Финалниот чекор е фиксирањето на карминот на тој начин што врз него на усните ќе нанесете тенок слој на пудра во прав, која ќе го потенцира совршениот мат изглед.

Излезете од домот полни со самодоверба, совршени усни и секако, заштитна маска на вашето лице.

Likes:
0 0
Views:
29

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *