Кибритчиња во саксиите со цвеќе-зошто е тоа супер трик

Љубителите на цвеќе ќе ви потврдат дека, без разлика дали станува збор за собни цвеќиња или цвеќиња кои ја украсуваат градината правејќи ја волшебно место за починка, потребно е да се вложи труд, внимание и секако љубов и желба околу нивното одржување.

За жал, понекогаш се случува и покрај целиот труд билката да венее од необјасниви причини. Причинители сепак има многу, мушички, растителни вошки, болест на листот, коренот или стеблото, кои на прв поглед, тешко можат да се воочат.

За среќа, постои многу едноставен и корисен трик со чија помош ќе се ослободите од „малите натрапници“ во саксиите. За тоа ви се потребни само неколку чкорчиња од кибрит.

Едноставно, забодете ги кибритчињата со главата надолу во земјата на одалеченост од пет сантиметри едно од друго, поставувајќи ги на самиот раб од саксијата. Потоа налејте вода во саксијата.

По два дена заменете ги кибритчињата со нови. Постапката повторувајте ја во текот на десетина дена.

Likes:
0 0
Views:
13

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *