Корисен трик како да не се замаглат стаклата на очилата кога носите заштитна маска

Никој не знае уште колку долго ќе мораме да ги носиме заштитните маски во служба на нашето здравје, но едно е сигурно ќе мораме да ги носиме и оваа пролет.

Заштитната маска го насочува поголемиот дел од топлиот водух кој што го издишуваме кон нагоре, што придонесува за појава на не толку пријатна ситуација за оние лица кои носат очила- замаглување на стаклата на очилата.

Во услови кога честото допирање со дланките по лицето не е препорачливо и честото бришење на замаглените стакла не е опција, ви предлагаме да го испробате овој интересен, но исклучително корисен трик кој ќе ви помогне.

Најчеста опција е поставувањето на горниот раб од самата маска под рамките од очилата. Кога рамките од очилата се поставени над маската, мали се шансите стаклата да се замаглат при дишењето.

Но постои уште еден начин. На помош повикајте го сапунот.

Измијте ги очилата во вода во која е растворен малку течен сапун. Сапунот ќе создаде невидлива облога на стаклата кои ќе ја спречат кондензацијата на водена пареа. Истото можете да го постигнете доколку ги премачкате очилата со сапун, а потоа ги истриете убаво со мека крпа.

Likes:
0 0
Views:
15

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *