Корисен трик како безбедно да заковате клинец

Постои многу интересен и корисен трик како безбедно да заковате клинец, без при тоа да ви настрадаат прстите со кој го придржувате клинецот.

Потребно ви е само едно парче подебел картон (најдобра опција е ребрасто извиткан картон).Од картонот исечете парче во форма на квадрат или во форма на правоаголник. Со самиот клинец дупнете го парчето картон во неговата средина. Токму каротнот ќе ја превземе улогата на вашите прсти и ќе биде одличен држач на клинецот додека ковате со другата рака.Така, наместо да го држите клинецот на неговата тенка основа, директно под силата на чеканот, држете го парчето картон, каде вашите прсти ќе бидат далеку побезбедни.Откога ќе го заковате клинецот ( но не сосема до крај ), извадете го парчето картон кинејќи го.

Likes:
0 0
Views:
98

Leave a Reply

Your email address will not be published.