Која е тајната на совршениот домашен леб

Различни типови на брашно, различен сооднос на состојките – опциите се многубројни, но тајната на совршениот домашен леб лежи во времетрањето на месењето и стасувањето на тестото.

Основните состојки на секој леб се брашното, квасецот и водата. Но, тајната лежи во преработката. Со процесот на месење всушност се создаваат меурчиња со воздух во тестото. Колку повеќе го месиме тестото, толку повеќе воздух ќе има во него, што значи дека тестото ќе биде повеќе поздушесто.

Следен чекор, по добро измесеното тесто, е стасувањето. Се препорачува тестото да стасува толку време колку што му е потребно да стане двојно поголемо.Оптимално, потребни се околу час и половина до два часа за едно нараснување при кое се дуплира волуменот, но може да се остави и подолго.

Еднаш стасаното тесто може да го премесите ( барем десетина минути ), а потоа повторно да го оставите да стаса. Оваа пракса не е пожелно да ја повторувате повеќе од три пати.

Стасаното тесто кога ќе го земете во дланките ќе „издиши“, но тоа е очекувано. На набрашнета подлога замесете форма која која вам ви одговара ( векна, сомун и др. ) и со тоа тестото е подготвено за печење.

За да го избегнете ефектот на премногу дебела корка, премачкајте ја површината на лебот со млака вода.

Печете во плех кој сте посипале со брашно.

Likes:
0 0
Views:
17
Article Tags:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *