Кој е најдобар извор на железо и други минерали, препорачлив во детското мени

Пред неколку децении се сметало дека жолчката од јајцето треба да биде првиот оброк кој на бебето ќе му обезбеди дополнителен внес на железо во организмот.Но, според новите нутриционистички правила, сепак месото е најдобриот извор на природно железо кое детето преку исхраната може да го внесе во организмот.

Многу истражувања докажале дека бебињата многу полесно го искористуваат железото од месото за разлика од јајцето. Кога станува збор за растителните извори на железо и тие се скоро на исто рамниште со месото, но сепак постои малку помало ниво на искористеност на железото кое доаѓа од овие извори.

Бидејќи без дискусија месото е главниот фактор за оптималното ниво на хемоглобин во крвта и црвените крвни зрнца, веќе по шестиот, односно седмиот месец од животот на бебето бидете слободни во воведување на оваа хранлива намирница. Започете со пилешко месо, телешко, мисиркино и зајачко.

Likes:
0 0
Views:
14
Article Tags:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *