Лекови кои го намалуваат излачувањето на мајчиното млеко

Врз редукцијата во процесот на излачување на мајчиното млеко можат да влијаат различни фактори, меѓу кои и земањето на одредени лекови.

Лековите кои се наменети за намалување и олеснување на симптомите на настинка и алергии, во комбинација со други фактори, во извесна мера можат негативно да влијаат врз продукцијата на мајчиното млеко.

Псеудоефедрин е супстанцијата која всушност пречи во тој процес на лактација, а е заедничка за повеќето лекови против настинка и алергии.

Добрата вест е дека откако лактацијата успешно ќе се воспостави, во понатамошниот тек на доењето овие лекови го губат негативното дејство.

Токму затоа се препорачува доилките во првите две недели по почекот на доењето доколку е возможно да ги избегнуваат овие лекови.

Likes:
0 0
Views:
111
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.