Маслото од мајчина душица има дејство слично на аналгетиците

Мајчината душица е билка која наоѓа голема примена во народната медицина. Најчесто таа се користи за лекување на дигестивните заболувања, меѓу кои и проблемите со подуеност во стомакот и пролив, како и против артритис, воспалувања на грлото, кашлица и бронхитис.

Интересен е податокот што доаѓа од истражување спроведено од група американски научници кои велат дека чистото масло произведено од мајчина душица има најслични својства и делува многу слично како синтетичките аналгетици, пред се бруфенот.

Во народната медицина еден од  најприменуваните е лекот од мајчина душичка со кој успешно се ублажуваат дури и најинтензивните менструални болки.

За таа цел потребно е со масло од оваа билка да се масира долниот дел од стомакот во пределот на матката и јајниците, Масажата изведете ја со интензивни кружни движења во насока на стрелките на часовникот,  во времетраење од петнаесетина минути до половина час.

Причини плус маслото од мајчина душица да биде дел од вашата семејна аптека е фактот што тоа успешно ги забавува симптомите на стареење на кожата,ги намалува симптомите на настинка и грип, делува против лузни и помага во побрзото заздравување на раните.

Leave a Reply

Your email address will not be published.