Нашиот денешен предлог е да направите природен ароматизер за воздухот, сами и во домашни услови, со минимални финансиски вложувања.
Оригинално и многу едноставно, овој природен освежувач на воздухот истовремено ќе биде и модерен детал во домот.
Потребни ќе ви бидат следниве производи:
– бамбус стапчиња ( најобични стапчиња за ражничи )
– мал стаклен сад
– растително масло ( најдобра опција е маслиновото масло )
– етерично масло по избор
Во стаклениот сад сипете мала количина на растително масло, а потоа додајте го и етеричното масло по избор во количина која ќе зависи од индивидуалната чувствителност на мириси.

На бамбус-стапчињата отсечете ги зашилените делови и ставете ги во садот. Од бројот на стапчињата ќе зависи и интензитетот на мирисот-повеќе стапчиња, посилен мирис.

Направете неколку такви ароматични теглички и ставете по една во секоја соба.
Веруваме дека ќе бидете пријатно изненадени од ефектот.