Направи сам: Ефикасно средство во борбата против растителните вошки

Растителни или уште наречени лисни вошки по вашите билки? Листовите се преполни со мали дупчиња, лепливи се, а цветањето е редуцирано? Веднаш тргнете во акција!

Секогаш имате опција да одите во земјоделска аптека и да купите соодветно средство за да се изборите со овие натрапници. Но, ние ви предлагаме да се потпрете на моќта на природата, па наместо штетни хемикалии да го искористите оној производ кој сигурни сме дека го имате во вашата кујна.

Се што треба да направите е да ја отворите вратата од фрижидерот и да посегнете по ладното пресно млеко.
Ладното млеко растворете го со вода во размер 1:3 ( 100 милилитри млеко со 300 милилитри вода ). Разреденото млеко пресипете го во шишенце со распрскувач и распрскајте по вашите рози, кали и други растенија кои се борат со растителните вошки.

Постапката повторувајте ја неколку пати неделно. Бидете упорни. Резултатите ќе ве воодушеват-здрави растенија во вашата бујна градина.

Совет плус: За дополнително потхранување на цвеќињата во вашите прекрасни градини, водата со која ќе го растворите млекото нека биде богата со калциум. Имено, за таа цел, потребно е да издробите неколку лушпи од јајца и да ги прелиете со вода. Оставете да отстои еден ден, а потоа водата промешајте ја со млекото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *