Помали сметки за струја – како да заштедите електрична енергија

Дали сте знаеле дека некои уреди во домаќинството водат „таен“ живот и продолжуваат да работат, а со тоа и да трошат електрична енергија дури и кога ќе го притиснете копчето за исклучување?

Истражувањата докажале дека полначот за телефон оставен во штекерот троши и до 12 вати на ден, дури и кога на него не е прикачен мобилен телефон кој се полни.

Телевизорите продолжуваат да трошат електрична енергија дури и кога ќе ги изгаснете. Според статистичките податоци, годишниот „екстра“ трошок по телевизор во едно домаќинство изнесува околу 25 евра .

Преносните и статичните компјутери, исто така, спаѓаат во оваа група на тајни потрошувачи на електрична енергија. Во режим на мирување тие трошат и до 90 вати на ден. Ако ги исклучите од струја, годишно може да заштедите и до 100 евра.

Уредите кои имаат вграден тајмер, како што се микробрановата печка, фурна и сл. трошат и до 108 вати на ден. Со исклучување од штекер на овие уреди можете да заштедите и до 120 евра годишно, секако во зависност од бројот на уредите кои ги имате во вашиот дом.

Едно од поважните правила кога станува збор за заштеда на електрична енергија е гаснење на светилките во оние простории во кои не престојувате. Обичните сијалици не се ефикасни во произведувањето светло, затоа што тие 15% од енергијата која што ја примаат ја трошат на светлина додека остатокот од енергијата се претвара во топлина.

Иако можеби овие суми не ви изгледаат премногу страшно, сепак, на годишно ниво можат да бидат сериозно отежнување за вашиот буџет. Исклучувајте ги уредите во целост, заштедете, а заштедата од помалите сметки за електрична енергија употребете ја за остварување на некоја одамна посакувана желба.

Likes:
0 0
Views:
15

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *