Постпартален тироидитис кај доилките

Тироидната жлезда го регулира излачувањето на одредени хормони, меѓу кои и пролактинот и окситоцинот. Овие два хормона заедно се заслужни за продукцијата на мајчиното млеко.

Иако сеуште во целост не е докажана поврзаноста функционирањето на тироидната жлезда и интензитетот на излачување на мајчиното млеко, сепак многу лекари ги советуваат доилките веднаш штом ќе забележат послаб интензитет на излачување да го проверат нивото на овие два хормона.

Постпарталниот тироидитис ( воспалувањето на тироидната жлезда ) е заболување кое погодува околу 9 % од жените кои штотуку станале мајки. Оваа состојба може да доведе до намалување на функцијата на тироидната жлезда, а со тоа и намалување на степенот на излачување на хормоните важни за продукција на мајчиното млеко.

Постпартален тироидитис обично се јавува во првата година по раѓањето, најчесто во интервалот од петтата недела до петтиот месец по породувањето. Знаците и симптомите кои укажуваат на постоење на ова заболување варираат од жена до жена. Најчесто станува збор за замор, чувство на вознемиреност, слаба меморија, недостаток на концентрација, забрзан срцев ритам, жешки бранови и друго.

Најчесто, ова заболување е од привремен карактер, но во  25 % од случаите жените со постпартален тироидитис на крајот ќе развијат постојан хипотироидизам.

Likes:
0 0
Views:
14
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *